6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Познати деталите за обидот за убиство во Скопје

Денеска (17.11.2023), Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 15.11.2023 околу 02.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари – Скопје, тој со остар предмет ја нападнал својата 46-годишна вонбрачна партнерка и ѝ нанел повреди. По преземени мерки и активности, истиот ден тој бил пронајден и лишен од слобода во Битола, по што бил предаден на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и му е поднесена пријавата.