Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски – Брнабиќ: Нови чекори напред во добрососедските односи, од важност за просперитетот, стабилноста и европските интеграции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Белград, оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

На средбата присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Премиерите Ковачевски и Брнабиќ го поздравија одличниот развој на билатералните односи и констатираа дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, како и неговата европска интеграција се засновани на добрите билатерални односи, поради што од исклучителна важност е двете земји континуирано да работат на истите и успешно да ги надминуваат сите разлики.

На средбата беше направен пресек на актуелните и претстојните активности и проекти меѓу двете земји, со акцент на економски и инфраструктурен план.

Дел од меѓусебните заложби за засилување на соработката е и денешното потпишување на „Меморандумот за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси“.

Овој Меморандум е уште една можност, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, да се овозможи брз транспорт на стока, не само низ земјите во Западен Балкан, туку и кон земјите членки во ЕУ.

На средбата се разговараше и за претстојните активности за проширување на инфраструктурната соработка, со конкретни планови и активности во следниот период.

Премиерот Ковачевски го поздрави одржувањето на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, со кој го промовираме нашиот вински потенцијал и квалитет.

Премиерите разговараа и за одржувањето на специјализираната меѓународна изложба ЕКСПО 2027 во Белград, на која ќе биде соодветно претставена и Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК