Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МВР: 115 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 69 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 46 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК