21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОCENTAR

Драстична промена на времето носи студ и снег: Температурите ќе паднат до -6 степени, а ова е деталната прогноза за следните денови

Утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен (над 80 км/час) северен ветер. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.

Прогноза за 18.11.2023
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 12°C

Променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег.

Прогноза за 19.11.2023
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Претпладне променливо облачно, на повисоките места и на планините со провејување на слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец, особено претпладне.

Прогноза за 20.11.2023
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Објавен конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

ДЕСК

Се формира комисија за стручен надзор со лекари од странство за извршени кардиолошки интервенции во приватни и јавни здравствени установи

ДЕСК

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

ДЕСК