Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ ВИСОЧИНА: Хеликоптер на МВР го извлекол починатиот

На 20.09.2026 во 14:37 часот во СВР Тетово, група планинари пријавиле дека на пешачка патека на надморска височина од околу 2500 метри, на местото викано „Црн Врв“, забележале тело на повозрасно лице без знаци на живот.

Според пријавеното, се работи за A.С.(74) од с. Џепчиште, чиј идентитет бил потврден од страна на М.Ј., кој претходно пешачел со него.

За настанот е известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Тетово. Поради непристапноста на теренот, за извлекување на телото со хеликоптер ангажирани се тимови од Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици на МВР кои го извлекле телото на починатиот и го префрлиле во Одделот за Судска медицина при Клиничка болница Тетово.

По извршените прегледи е констатирано дека се работи за природна смрт и телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

ДЕСК