Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

233 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 233 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК