Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени крадци во Велес, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Вчера во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Џ.(19) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети. С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК