14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Македонските земјоделски инжинери основаат своја комора по хрватски модел

Во организација на Здружението на земјоделски инженери АГРОНОМ 1947, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа Тркалезна маса со цел основање Комора на земјоделски инженери.

Комората се основа за да ги застапува интересите на современото македонско земјоделство, да помага во развојот на професијата земјоделско инжинерство, да обезбедува развој во одгледувањето традиционални и новите култури и да дава севкупен придонес кон модерно и извозно ориентирано македонско земјоделство.

На настанот за основање на Комората земаа учество повеќе земјоделски инжинери од земјава, а свое учество имаше и претседателот на Хрватската комора на земјоделски инженери, г-дин Ромео Јукиќ кој го презентираше искуството во формирање на Комората и нејзината улогата во секторот земјоделство во Република Хрватска.

На настанот беа дефинирани идните чекори кои ќе водат кон формирање Комора на македонски земјоделски инженери. Формирана е работна група за водење разговори со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на предложување и утврдување соодветно законско решение за формирање на Комората на земјоделски инженери.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +