Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улица 50 во Шуто Оризари

Град Скопје ги заврши градежните работи на улица 50 во Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за жителите на оваа општина и со која се решаваат долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.

Реконструкцијата во должина од 600 метри и површина од 3200 метри квадратни ја изведоа екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на сите тековни градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот. Град Скопје продолжува и со реализација на инфраструктурни проекти за соодветна водоводна и канализациона мрежа, со цел реализација на проектите од програмата кои се барање од жителите на општината.

Можеби ќе ве интересира

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

C +

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +