Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 19.30 часот во кичевското село Горно Строгомиште, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Х.Ф.(44) од истото село. Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Кичево за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психитропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК