Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Андонов: Чебрен ќе продава струја кога има најмногу побарувачка, а ќе купува навечер кога иам вишоци

„Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш цената е највисока“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Тој додаде дека идејата за проектирањето на Чебрен отсекогаш била да се продава струја по најскапа цена, а да се купува навечер кога има вишок во термоелектраните и е поевтина.

„Проектираниот временски период за изградба е околу 7 години, но се зависи од инвеститорот. Концесијата е дадена на 60 години согласно законот за води“ рече Андонов.

Тој објасни дека обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен, а државата нема да дава никакви пари, без разлика колку ќе чини изградбата.

„Бидејќи имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК