Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска: „Медена земја“ се прикажуваше на Филмскиот фестивал за жени над 50 години во Лондон

„Жените во филмската кинематографија се силен глас кој ја истакнува културата на секоја држава.

Ми причинува големо задоволство што и британската публика имаше можност да го проследи наградуваниот македонски документарен филм „Медена земја“, што се прикажа на Филмскиот фестивал за жени над 50 години во Лондон, (односно, WOFF) во црквата Сент Мери.

За планираната проекција на филмот дискутирав со директорката на овој престижен лондонски фестивал Нула О’ Саливен, при мојата неодамнешна посета на Велика Британија, која ме информираше дека фестивалот има за цел да ги афирмира повозрасните жени на екранот и зад камерите.

Со прикажувањето на ова филмско остварување, се афирмираше македонскиот филм и женскиот бран во македноската кинематографија, а протагонистката Атиџе испрати моќна порака од која е преточена длабоката мудрост за балансираниот пристап на човекот кон природата и за зачувување на биодиверзитетот.

На фестивалот се потенцираше и тематиката која е поврзана со екологијата и предизвиците со кои се соочува планетата земја, прикажани преку дејствијата на жените над 50 години, кои се силни, храбри и инспирација за целиот свет.

Филмскиот фестивалот за жени над 50 години е поддржан и од Македонската амбасада во Лондон, а по проекцијата на „Медена земја“ следеше панел дискусија на која учество зеде и Билјана Глигорова, вршител на работи во македонската амбасада во Лондон“, напиша на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

C +

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК