Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

МВР: Расчистен е нападот во Техномаркет, насилниците се приведени пред месец ипол ! Апелираме да не се шират лажни вести

Соопштение на МВР:

Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени. Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор. Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК