11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Дрекслер до Герасимовски: Силна поддршка за европската агенда за одржлива енергија во општините

Размена на искуства и силна поддршка доби градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од германската амбасадорка Петра Дрекслер за проектот за енергетска независност и самоодржливост на Општина Центар. На средбата со амбасадорката, Герасимовски го презентираше проектот на „Енергија Центар“, поставувањето фотоволтаици во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, во објектот „Пепелашка“. Дополнително информираше и за плановите да се постават фотоволтаични системи и на покривните конструкции во три основни училишта. Амбасадорката ги пофали напорите на општината кои се движат по зелената агенда на која се фокусира и германската Влада. Таа понуди и соработка за реализација на проекти за одржлива енергија. Германската амбасада ги поздрави проектите на Општина Центар за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Инаку Општина Центар е прва општина која формираше сопствено јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.
„Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електро-енергетски независна и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе бидат искористени за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните .Станува збор за долгорочна инвестиција, не само за нас туку и за идните генерации“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за граѓаните за справување со загадувањето!

C +

Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.