Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат.

Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност.

Можеби ќе ве интересира

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници – СДСМ бара оставка од Тошковски

ДЕСК

ВЛЕН ОСТРО РЕАГИРАШЕ НА ПОРАКИТЕ НА АХМЕТИ – Регионалната соработка и „Отворен Балкан“ повторно во политичкиот фокус

ДЕСК

Јаневска: Градиме образование што ги подготвува младите за иднината, со знаење, компетенции и човечки вредности

ДЕСК