Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МЗШВ: Со нашето искуство ќе помогнеме Азербејџан успешно да го реализира процесот на консолидација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претставници на Министерството, претставници на државните институции во делот на земјоделството и претставници на ФАО, пред делегацијата на Република Азербејџан ги презентираа позитивните искуства на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште.

„Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект што е почнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО почна спроведувањето на проектот МАИНЛАНД во вредност од 2,8 милиона евра. Проектот МАИНЛАНД успешно го завршивме со висока 99 % реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја, односно во Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и во Спанчево. Со поддршка од нашите партнери Европската Унија и ФАО почнавме подготовка и на новата национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства“, велат од МЗШВ.

Министерот Николовски изрази задоволство за честа Северна Македонија да биде пример по кој Азербејџан ќе се води преку процесот на консолидација на земјоделското земјиште.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК