Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Имаме напредок во 81 отсто од поглавјата, немаме назадување во ниту едно

„Пресекот од Извештајот на ЕК покажува дека имаме напредок во 81% од поглавјата, а нема назадување во ниту едно поглавје – нула назадувања. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, и е солидна и константa неколку години наназад.

„Во делот на Кластерот Фундаментални вредности Европската Комисија констатира дека Северна Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата и ја покажа својата посветеност да испорача резултати“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +