24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Имаме 81 отсто прогрес во поглавјата, не може да се зборува за назадувања, треба да продолжиме со реформите

„Се создава некаква перцепција дека се работи за лош извештај, што не би се согласила, затоа што има голем број на други поенти кои што треба да ги имаме во предвид и тие треба да ги споделуваме со јавноста од една страна, а од друга страна треба да ја видиме реалната состојба каде ги имаме тие предности и секако да ги детерминираме слабостите на овој извештај,“рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 21, во врска со последниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата држава.

Лукаревска се осврна на извештаите од 2015 и 2016 година каде беше нотирано дека сме заробена држава, за разлика од сега кога секој може слободно да зборува, делува и критикува, како и дека тоа не смее да се заборави.

„Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот. Меѓутоа имаме да работиме уште многу наредниот период. Она кое што е во рамки на надлежност на извршната власт е да носи реформи и да прави резови онаму каде што е најпотребно согласно своите надлежности и никој пат не смее да се меша во судската власт,“ посочи Лукаревска.

Таа истакна дека во ниеден случај не може да се зборува за одредени назадувања.

„Имаме 81 отсто прогрес во рамки на поглавјата и денес она што го слушнавме од страна на евроамбасадорот Гир кој што кажа дека извештајот е искрен и правичен, доаѓа во контекс кога има значајна динамика во однос на проширувањето и секако тоа нас ни соодејствува дека ние мора да продолжиме со реформите,“ посочи Лукаревска.

Во врска со коментарот на новинарот дека има критика за политичка поларизација и кочници во Собранието, Лукаревска рече дека таа критика е за друга адреса, затоа што во извештајот е посочена неконструктивноста на опозицијата и блокада на Собранието.