24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Вархеји: Заедно со партнерите на Западен Балкан ќе изработиме план со кој ќе може да се забрза демократијата бидејќи тоа е клуч за секоја евроинтеграција

„Овој план има за цел 4 аспекти пред се. Да ги интегрираме оние партнери од Западен Балкан кој тоа го сакаат, да влезат во таа интеграција што побргу, имајќи предвид сите обврски кои произлегуваат од нашите прописи и правила. Во тој смисол сме спремни да им помогнеме и да им ги ставиме на располагање сите средства“, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји во свое обраќање по повод излезениот извештај за проширувањето за државата.

Тој дополни дека, за возврат потребно е едни према други партнерите да се однесуваат на начин како што ќе се однесуваат и кон ЕУ. Со други зборови, оној момент кога ќе се интегрираат овие наши 4 слободи на ист начин мора да постапуваат и према другите партнери на Западен Балкан.

„Другиот клучен столб во овој план е да се помогне на нашите партнери на ЗБ да ги забрзаат реформите. Во таа смисла сакаме да им помогнеме и заедно со нив да изработиме план со кој ќе може да се забрзаат демократијата бидејќи тоа е клуч за секоја евроинтеграција“, потенцира Вархеји.

„Трето што сакам да кажам е тоа дека мора да се прилагодат на нашиот социјален состав и нашите пазари. Не можат сами сами на тој пат, се разбира и затоа ние од наша страна ќе бидеме спремни да го забрзаме тој заеднички пат. Со тоа, предлагаме да ја зголемиме нашата финансиска потпора во корист на тој план за реформи и тоа дополнителни 6 милијарди евра потпора што би значело дека вкупната помош што им ја даваме ќе биде на висина на онаа што ја даваме на патот на кохезијата. Тоа би значело дека ќе треба да го зголемиме нивниот БДП за 1/3 и тоа со наши придонеси и тука би требало да дадеме еден голем поттик за тој регион. Поттик кој им е потребен и нив и нас“, заклучи еврокомесарот.