Centar.mk
СВЕТ

Русија и Северна Кореја градат мост, Украина стравува од нови воени испораки

Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле.

Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година.

Украинската организација „Truth Hounds“ смета дека економските аргументи за изградбата не се убедливи, бидејќи трговската размена меѓу двете земји е значително помала од вредноста на проектот. Аналитичарите оценуваат дека мостот би можел да ја олесни испораката на војници и воена опрема, бидејќи транспортот со камиони е потешко да се следи отколку железничкиот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна предупреди дека Русија би можела да ангажира уште до 30.000 севернокорејски војници, додека дел од аналитичарите сметаат дека Пјонгјанг за возврат добива руска воена и нуклеарна технологија.

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК