Centar.mk
СВЕТ

Иран: Нема преговори со САД

Иран денеска соопшти дека во моментов нема преговори со Соединетите Американски Држави, ниту се планирани какви било средби, демантирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека нема закажани разговори со Вашингтон и дека Иран во наредните денови нема да прима странски делегации ниту ќе испраќа свои преговарачи во странство.

Според него, единствените разговори што се водат се со Оман и се однесуваат на управувањето со Ормускиот Теснец.

Трамп претходно изјави дека ги откажал планираните напади врз Иран бидејќи денеска попладне требало да почнат нови преговори меѓу двете земји.

По одлуката на Трамп да се воздржи од воена акција, цените на нафтата денеска забележаа пад на светските пазари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК