13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Извештајот на ЕК: Прогрес во 81 отсто од поглавјата, без назадување

Извештајот на Европската комисија посочува дека Северна Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата, додека нема назадување во ниту едно. Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност.

Во однос на основните човекови права, останува оценката на ЕК дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите.

Во делот на слобода на изразување и медиуми, и оваа година ЕК нотира дека генерално, опкружувањето е поволно за слободата на медиумите и дозволува критичко медиумско известување. Со измените на КЗ и новиот Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда се зголеми правната заштита на новинарите.

Во однос на економските критериуми, има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Северна Македонија успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност. Во услови на криза Владата ги поддржа домаќинствата и бизнисите преку големи енергетски субвенции, даночни намалувања и насочена директна поддршка на приходите. Предизвиците остануваат во делот на спроведување на Законот за буџет, управувањето со јавните финансии, справувањето со сивата економија и прафискланите давачки, недостатокот на работна сила, итн.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.