Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи, соопшти АХВ.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК