Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петровска за распишаниот Конкурс за стипендирање на студенти: Се грижиме за младите за да можеме и во иднина да ја гарантираме одбраната

„Во младите е иднината“ – не е само мисла која треба да остане запишана. Тоа е идеал кој го остваруваме.Се грижиме за младите кои ни се потребни за да можеме и во иднина да ја гарантираме одбраната на нашата држава, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод распишаниот Конкурс за стипендирање на студенти од Република Северна Македонија.

Таа дополни дека на 3-ти ноември, бил распишан Конкурс за стипендирање на студенти од Република Северна Македонија кои се образуваат во областите кои се критична специјалност за Армијата.

„Нудиме можност за стипендирање со средства во висина од 30% до 80% од просечната плата во државата, во зависност од студиската година, а по завршување на образованието вие ќе бидете во редовен работен однос во министерството“, потенцираше министерката.

Таа ги повика студентите да се пријават на конкурсот, истакнувајќи ја поддршката за која министерството за одбрана и македонската Армија се свесни дека им е важна на студентите, и затоа ги отвораат вратите за студентите.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +