Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царинска управа: Спречување на сива економија, на Богородица запленети непријавени 700 парчиња облека

Спречен обид за сива економија, откако во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки.

Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.

Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки.

Царинската управа во рамки на своите приоритети континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија, соопшти Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +