Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево со мала локална облачност

Во Македонија времето ќе биде сончево со мала локална облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Денеска и утре наутро ќе биде свежо со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно сончево.

В среда ќе преовладува облачно проследено со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата. За време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК