Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина велосипедист по удар од автобус на автопатот Кумановo-Скопје

67-годишен велосипедист почина откако вчера бил удрен од автобус во скопско.

Имено вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Кумановo-Скопје, под клучка „Илинден“, автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што денеска починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

ДЕСК

Колумна на Даниел Станојовски: „МИТОТ ЗА НЕПОБЕДЛИВИТЕˮ

ДЕСК

Министерот Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген: Превенцијата и дигиталното здравство  се меѓу македонските приоритети

ДЕСК