Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ ниту по изборите не планира да гласа за уставните измени и покрај подготвеноста на Владата да се излезе во пресрет на нивните барања

„За жал ВМРО-ДПМНЕ ниту по избрите не планира да гласа за уставните измени. Ако беше целта да се испровоцираат побргу да се случат избори, ќе можевме да се довориме да ги изгласаме уставните амандмани и веднаш да се оди на избори. Тоа беше наш влог во компромисот со опозицијата и лидерската средба што се случи во јуни но и претходно го комунициравме тоа како подготвеност да се излезе во пресрет на барањата на опозицијата ако тие бидат доволно одговорни да гласаат за уставните измени“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека пред година ипол водеа дискусии за „бугарски диктат“,дека идентитетот ќе исчезне, дека францускиот предлог ќе не стави во неповолна позиција кои изгледаат смешно од денешна перспектива.

„Нашето одлагање на уставните измени може да не стави во понеповолна позиција. Имаме едно искуство од 2008 година кога мислевме дека предвремени избори ќе го исчезнат проблемот со Грција, кога добивме вето од Грција за членство и кога бевме упатени од тогашниот американски претседател Џорџ Буш но и сите други што ни мислеа добро дека треба да влеземе во преговорачки процес каде што релативно брзо ќе дојдеме до решение. За жал ние одлучивме да одиме на предвремени избори за да во тоа време Груевски и ДПМНЕ ја зајакнат својата власт и позиција и тие ја зајакнаа но ја ослабеа државата“, потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека државата 10 години подоцна мораше под многу понеповолни услови да го направи компромисот затоа што тоа наш услов за членство во НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК