14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Стабилизација, па нова дестабилизација и заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следната недела

Утре и во вторник ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

Прогноза за 07.11.2023
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 08.11.2023
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 21°C

Умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Спонзорирано: