Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните

-2 години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори, соопшти СДСМ.

„Резултатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини е 0 проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми.

Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки.

Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги, паркинг.

Наместо развој локалните власти на ДПМНЕ озбезбедија нови долгови и партиски вработувања.

На половина од мандатот на виделина исплива поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ.

ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК