24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Веруваме во намерата на министерот за правда да го реши проблемот со пренатрупаноста и лошите услови во затворите

„Јас и моите колеги во Собрание веруваме во искрената намера на министерот за правда да го реши големиот и долгогодишен проблем со пренатрупаноста и лошите услови во затворите. Министерот за правда покажа навистина голем интерес за оваа тема којашто значи унапредување на човековите права, односно унапредувањето на условите во затворите. Меѓутоа, со самото иницирање на овие законски одредби се јави дискусија дали ова решение ќе го реши проблемот“, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.

Таа додаде дека пратениците побарале анализи и податоци и посочи дека овие законски измени со предлог законот за амнестија, бројот на лица коишто би требало да го напуштат затворот околу 200 лица, додека скоро 3.000 чекаат да влезат во законот.

„Тоа е првиот аргумент поради кој се одлучивме да не го поддржиме ова законско решение какво што е, затоа што реално ништо нема да решиме од проблемот. Она што е мој личен став и ставот што сме го дискутирале со моите колешки и колеги е дека навистина имаме на располагање и други мерки коишто мора да почнеме да ги користиме. Тука е условниот отпуст, општествено корисната работа“, заклучи Шкријељ.