Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Општина Гостивар потпиша Меморандум за соработка за обезбедување лични асистенти за учениците со посебни потреби

Општина Гостивар и Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ потпишаа Меморандум за соработка каде заедно ќе работат на обезбедување лични асистенти за децата со посебни потреби во општинските средни училишта.

Според меморандумот, предвидено е да се организираат консултации со експерти, трибини и средби, а за ангажман на идните асистенти здружението ќе финансира 30% од сумата што ќе му биде исплатена на асистентот, а општината е должна да покрие 70% за секој асистент за учебната 2023/2024 година.

Во продолжение ќе се обезбедат податоци за бројот на деца на кои им е потребен личен асистент и потоа ќе се распише јавен оглас за ангажман на лични асистенти.

Лицата со посебни потреби, како и обезбедувањето услови за оваа категорија, отсекогаш биле приоритет на општина Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК