Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Чупеска: Апсолутно никакво загрозување на уставниот поредок не се случува,бугарскиот диктат е лажна вест

„Има измени во преамбулата, се додаваат народи после постоечките до други, и врз основа на тоа додавање има две измени едната е во членот 49 врзана со амандман 2 и другата е во членот 78 поточно членот кој се однесува на Собранискиот комитет за односите меѓу заедниците,“ рече професорката Ана Чупеска во емисијата Клик Плус на Тв 21 во врска со предлог измените на Уставот.

Таа објасни дека измената во членот 49 се однесува на додавањето на народи, а истото се случува и во Комитетот, односно претставеност на заедниците во него, како и дека се работи за многу бенигна промена.

„Апсолутно никакво загрозување на уставниот поредок не се случува и се е во согласност со меѓународните стандарди, општите принципи на Универзалната декларација за човекови права, бидејќи станува збор за признавање на народите, на поедини културни групи, што живеат тука и што се граѓани на оваа земја,дека имаат идентични права како и сите други, “истакна Чупеска.

Таа посочи дека преговарачката рамка која е основа за промените не е бугарски диктат, таа ни ја дава Советот каде има 30 земји, сите поединечно гласале и ни ја нудат како мултиратерален документ на државата.

Ова е референца за копенхашките критериуми кои што се елементарен услов за членство за сите земји кои што сакаат да бидат членки, па и за Македонија. Бугарскиот диктат е лажна вест,“рече Чупеска.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +