Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Внимание: „Моевмри“ според граѓаните е повеќе помодарство од грижа за машкото здравје поради недоволната едукација

Секој ноември се одржува глобалната кампања за машкото здравје со слоганот „моември“, а карактеристичен знак на кампањата „моември“ е раснењето мустаќи кај мажите. Сепак, во анкетата на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ граѓаните изјавуваат дека не се баш свесни зошто се пуштаат мустаќи во ноември и повеќето сметаат дека тоа е од помодарство.

Според испитаниците на „Внимание, внимание“, мустаќите во ноември се за истакнување на месецот на мажите и машкоста, но повеќето не биле на преглед на простата или тестисите.

Дел од анкетираните се скептични дека мажите можат да се мотивираат повеќе да се грижат за своето здравје, но дел гласно кажуваат: дека е потребна поголема едукација и јавни кампањи, за мажите да не се срамат да отидат на лекар, да ги надминат табуата, да одат редовно на прегледи и контроли, да го надминат стравот што ќе речат другите, а и да бидат охрабрени од нивните партнери.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК