Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена артилериска граната во Прилепско и две рачни гранати во Битола од Првата светска војна

Вчера, околу 10 часот, во ОВР Прилеп, 73-годишниот Б. Н. од Прилеп пријавил дека во неговата нива на местото наречено Долно Садово, Прилепско, пронашол артилериска граната во калибар од 75 мм и едно панцирно зрно од Првата светска војна, извести МВР. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

Полицијата исто така извести дека, вчера, во 10.04 часот, во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на улицата Димитар Илиевски-Мурато во Битола биле пронајдени две рачни гранати во калибар од 60 мм од Првата светска војна.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивните направи биле подигнати за понатамошна постапка. Увид бил извршен, додаваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК