Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево се судрија „мерцедес“ и „поло“, двајца повредени

Вчера, во 6 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место наречено Баткова Чешма, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со регистрација на Македонска Каменица, управувано од 55-годишниот Љ. В. од село Габрово, и патничко моторно возило „фолксваген поло“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Р. А. од Делчево, извести МВР.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил Д. Ѓ. (42) од Делчево, сопатник во возилото ‘мерцедес’, а телесни повреди добил уште еден сопатник во истото возило и возачот на возилото ‘поло’, констатирани во Медицинскиот центар Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК