10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество

Денес, Вицепремиерот Маричиќ учествуваше на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни.

Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството кои што се голем придонес за државата, потенцирајќи дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес.
Маричиќ посочи дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чијшто капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата.

Во обраќањето ја потенцираше важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Северна Македонија, со кој се реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.

Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци.

На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ.

За крај Маричиќ порача дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството.

„Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030.“

Меѓу гостите на настанот беа присутни алумни, професионалци, кои се претставници на бизнис секторот, политиката, институциите, невладиниот сектор и други области.

Средбата ја модерираше Амбасадорката на САД Анџела Агелер, а свое обраќање имаа и Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.