Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Превентивни активности на МВР

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторите за внатрешни работи Велес и Битола беа реализирани неколку превентивни активности. На подрачје на СВР Велес, односно во Основното училиште „Даме Груев“ во Градско, се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство, како и на безбедноста во сообраќајот.

На подрачје на СВР Битола, пак, во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола, се спроведе едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“, каде средношколците беа запознаени со последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Инспектори од компјутерски криминал, пак им укажаа за ризиците кои произлегуваат при користењето на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање.

Во текот на вчерашниот ден во средното општинско училиште „Наум Охридски” во Македонски Брод беше реализирано предавање на тема “Не користи дрога и алкохол”, додека на подрачјето на Македонски Брод од областа на сообраќајот беше реализирана превентивна активност „Вози одговорно, стави појас“.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК