Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата на граѓаните

-Поминаа 2 години, половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини, соопшти СДСМ.

„Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма.

Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз.

По две години резултатот на ДПМНЕ е поразителен. Нема проекти, нема резултати.

ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги изневери граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Координиран одговор против организираниот криминал: Оперативните искуства од истрагите на Царина и останатите органи за спроведување на законот основа за SOCTA 2027

ДЕСК

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

ДЕСК

СДСМ: Пред нас е борба со мафијата и неказнивоста – жените нема да отстапат!

ДЕСК