8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: „Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните“

Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX-самит за пристап до правдата – современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видеопорака истакнувајќи ја важноста на дигитализацијата на правосудството како тема што датира од неговиот претходен мандат во Владата како министер за правда почнувајќи го процесот на дигитализацијата на судскиот систем во рамките на стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022, која продолжува и во периодот од 2023 до 2027 година.

„Со првите опремени судници и овозможувањето судења на далечина создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално“.

Тој порача дека Владата останува цврсто на ставот дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачката интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност.

„Определбата за дигитализација на правосудството е во согласност и со приоритетот на актуелното шпанско претседателство со Европската Унија за сеопфатно заокружување на процесот на дигитализација и внимателната апликација на регулативата за вештачката интелигенција. Тоа се исклучително значајни алатки за комуникација помеѓу земјите членки и на агенцијата ‘Европравда’ на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања“.

За крај, Вицепремиерот Маричиќ истакна дека судските реформи мора да бидат во корист на граѓаните и дека неговите очекувања се фокусирани на интензивирање на реформите во правосудството, продолжување на соработката со ЕУ и со земјите членки на Унијата.

На настанот воведни обраќања имаа и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, генералниот директор за дигитална трансформација на администрацијата на правдата, Министерство за правда на Шпанија – Аитор Кубо Контрерас, настанот за почеток го модерира проф. д-р и судија Лазар Нанев.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК