Centar.mk
maricic
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Посетата на Фон дер Лајен е показател дека има желба од ЕУ да ги отвори портите за нови членки

„Посетата на Урсула фон дер Лајен е одличен показател дека има вистински момент и дека има желба од страна на Европската Унија да ги отвори портите за нови членки од Западен Балкан. Пораките беа јасни“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.

Тој додаде дека има недостатоци што се утврдија со скрингот и што низ процесот на преговори ќе се исправаат, а за отворање на поглавјата остануваат само уставните измени.

„Тие не го загрозуваат нашиот идентитет, јазик и само треба да ја фатиме оваа шанса, затоа што таа прилика ќе им биде понудена и на другите држави и тие нема да ја пропуштат шансата“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека посетата е со јасна порака дека е реално до 2030 година да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК