9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Доколку имаат соодветна опција за европскиот пат, чесно е опозицијата да излезе пред граѓаните и да каже зошто блокира

„Опозицијата не понуди никакво соодветно решение. Доколку имаат соодветна опција за европскиот пат, чесно е да излезат пред граѓаните и да кажат дека „ние ќе го блокираме европскиот пат затоа што сметаме дека државата треба да се движи во друга насока. А од една страна велат „ние сакаме да одиме во Европска Унија, ама не сакаме вие да ги движите работите напред“, истакна пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека дипломатијата и надворешната политика која ја води владата преводена од СДСМ, ја внесе државата во НАТО, ги започна преговорите за ЕУ, се одржа првата меѓувладина седница, одлично напредува и треба да заврши скрининг процесот и дека сето тоа е доказ дека оваа власт ја движи државата напред.

„Тоа не се зборови само на нас како влада или како пратеници од владеачкото мнозинство, тоа доаѓа како потврда од сите релевантни меѓународни политичари од европските држави. Впрочем, и вчерашната изјава на претседателката на Европската Комисија укажува дека државата се движи во правилна насока и очекува да се вразуми опозицијата“, заклучи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.