Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебноста на државата се нашите црвени линии

„Вчера и претседателката на Европската Комисија кажа дека одговорноста е подеднаква на сите. А најголемата одговорност на крајот на денот ќе биде на оние коишто кочеле и блокирале без соодветна причина. Факт е дека во делот на преговорите, на она што беа загарантирани црвени линии согласно заклучоците коишто ги гласавме во Собранието пред година и три месеци, говоревме дека македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебноста на државата се работи со коишто не се преговара. Тоа се нашите црвени линии“, истакна пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека тие работи коишто тогаш опозицијата хистерично се обидуваше да ги наруши и да направи перцепција дека тие ќе се загубат, како македонска дипломатија и власт СДСМ успеа не само да ги сочува туку и воопшто да не станат предмет за преговори.

„Вчера добивме потврда од претседателката на ЕК дека не очекуваат во Европската Унија со нашиот македонски идентитет и македонски јазик којшто секако признаен и претходно“, заклучи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК