27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Земјоделието е една од дејностите каде што баравме поголема либерализација, го олеснуваме пристапот до нови пазари

„Токму земјоделието е една од дејностите каде што баравме поголема либерализација. Не се од ова е се уште дефинирано, значи има уште работи што треба да се дефинираат, но она што е важно за нашите бизниси е дека полесно ќе може да се пласираат услугите и производите надвор од Северна Македонија, односно на пазарот на ЕУ, дека компаниите во ЕУ ќе можат да имаат полесен пристап во Западен Балкан, од тоа што го имаат сега“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој дополни дека цените за трговија ќе бидат пониски, трошоците ќе бидат пониски и дека влегуваме во едно заедничко планирање на она што е важно за економијата, енергетика, електрична енергија, а и вложувањето во инфраструктурата.

„Сето тоа треба да даде на еден поттик за зголемување на бруто домашниот производ, но исто така и еден поттик за компаниите и оние кои што работат во овие клучни области да бараат нови пазари. Ако ова го врземе со барањето за реформи на некој начин се обврзува и бизнис заедницата, не само оние традиционални целни групи што бараат реформи, бизнис заедницата да притиска повеќе за реформите, бидејќи тие се непосредно врзани за финансиската помош и за поддршката на проектите“, заклучи Маричиќ.