Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

311 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Бонус видео:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекувам победа во Брвеница

ДЕСК

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

ДЕСК

Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК