10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ВИДЕО: Како царинскиот пес Бен спречи криумчарење на девизи?

Службата за царински песови се дел од мобилните тимови на Царинската управа и според царинарниците тие се драгоцени асистенти за поголема ефикасност во запленувањето и спречувањето на нелегална трговија. Еден од песовите во службата е Бен, кој е куче во униформа и со посебни овластувања.

Во репортажата на „Рацин.мк“, кои поминаа еден ден на терен со мобилен тим на Царинската управа се вели дека царинарниците ги сметаат кучињата за драгоцени асистенти за поголема ефикасност во нивната работа.

За камерите на „Рацин.мк“, царинарниците и Бен симулираа постапка за контрола и откривање на обид за нелегално пренесување на девизи.

„Овие царински песови се пасивни царински песови. Што значи тоа? Тоа значи дека кога ќе имаат некоја индикација за нешто, не гребат по возилото, туку едноставно само седнуваат на местото (каде што почувствувале нешто). Што е карактеристично за овие песови? За прв пат во историјата на Царинска Управа и во службата за царински песови, овие песови можат да детектираат повеќе супстанци. Да детектираат криумчарење на оружје, на муниција, на различни видови дроги, екстази, како и на пари“ објасни Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови на ЦУ на Северна Македонија во изјавата за „Рацин.мк“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +