Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен гостиварец, пронајдени дрога и оружје

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (27 октомври) околу 18 часот и 40 минути, на улица “Вонвардарска” во Тетово, го лишиле од слобода М.Т.(28) од гостиварско Неготино. При негов и преглед на патничкото моторно возило „бмв” со гостиварски регистарски ознаки, кое М.Т. го управувал, биле пронајдени и одземени: ловечка пушка со 3 патрони, пиштол со 5 куршуми калибар 7,65 милиметри и марихуана.

Пушката и пиштолот тој ги поседувал без потребните документи. М.Т. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК