Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Најголемите и најспецифичните заплени на Царинската управа се од мобилните тимови

Мобилните тимови на Царинската управа ја сочинуваат Службата за мобилни тимови, која заедно со Службата за мобилни скенери и Службата за царински песови го формираат Одделението на оперативни работи кое е во состав на Секторот за контрола и истраги. Овие мобилни тимови за заслужни за најголемиот дел на заплени и спречени обиди за нелегална трговија и за затајување на царинските давачки, пишува „Рацин.мк“.

Во сторијата на „Рацин.мк“ и поминатиот ден со мобилните тимови на Царината се истакнува дека целта на овие тимови е спречување на криумчарење на дрога, оружје, на пари, злато и друго.

Мобилните тимови со одобрен налог за основано сомневање, дополни главниот инспектор на Службата, имаат право на претреси по домови и други простории.

„Предноста на овие мобилни тимови е што откако функционираат во овој облик и на овој начин успесите се многу поголеми и можеме да се пофалиме дека во текот на овие дваесеттина години најголемите и наијинтересните заплени во Царинската Управа доаѓаат токму од мобилните тимови“ потенцираше Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови на ЦУ на Северна Македонија во изјавата за „Рацин.мк“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Вечерва Македонија избра луѓе што веруваат во работа, оваа убедлива победа не е крајот, затоа ветуваме дека ќе работиме уште повеќе

ДЕСК

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК