Centar.mk
БИЗНИСвест

ВАКВО НЕШТО ДРУГИТЕ МОЖЕ САМО ДА СОНУВААТ: Комерцијална банка со историски успех и рекордни резултати – профитот зголемен за 65 отсто!

Комерцијална банка ја работи најуспешната година на своето постоење.

Нето добивката на „Комерцијална банка“ за првите девет месеци годинава изнесува 49,56 милиони евра. Во споредба со истиот период лани е повисока за 65 отсто односно за 19, 5 милиони евра, покажуваат бројките од извештајот кој е јавно достапен на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност.

Доминантно учество во добивката имаат нето приходите од камати кои банката ги оствари во првите девет месеци годинава. Тие изнесуваат 62,25 милиони евра, никогаш во историјата на банката не биле повисоки. Во споредба со истиот период лани се зголемени за 27,8 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК