5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Одржана отворена дискусија со претставници на ИТ секторот

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Република Северна Македонија и членките на ИТ секторот, за анализа на пазарот и за изразување на ставовите на компаниите во врска со тековните случувања и предизвиците во областа на Информациските и комуникациските технологии.

Денешниот настан е во согласност со политиката на МИОА за целосна транспарентност и јавното ветување за истражување на пазарот, во насока на воспоставување можна соработка во корист на граѓаните и бизнис секторот.

На присутните им беше претставен и еден дел од работата на МИОА, преку презентирање на двата системи на Министерството: ДМС – Систем за управување со документи по електронски пат и ИСУЧР– Информационен систем за управување со човечки ресурси.

Министерот Алиу, истакна дека, за да се обезбедат квалитетни јавни услуги и да се промовира економскиот развој, неопходна е соработка помеѓу институциите и приватните компании.

„Наш приоритет е да помогнеме за да се гарантира слободна и транспарентна конкуренција и да се преземат мерки за да се осигураме дека политиките и регулативите се соодветни за развој на бизнисот и инвестициите и затоа, редовните консултации со стопанските комори се важни“, рече Алиу.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК